April 20, 2021 12:16
Магазин Свет

(Видео) Се разбуди Етна, најголемиот вулкан во Европа

Се разбуди најголемиот и највисок активен вулкан во Европа, Етна, објавија италијанските медиуми.

Ерупцијата на лавата, проследена со облак од пепел, кој достигнал висина од неколку стотици метри, беше спектакуларна, изјавија очевидци.

Вулканскиот пепел ги покрила автомобилите во селата на Сицилија. Локалните власти известија дека црн пепел бил пронајден и на места оддалечени дваесетина километри од Етна.

Ерупцијата била видлива и од градот Таормина, оддалечен педесетина километри.

Првиот запишан доказ за ерупцијата на Етна, вулкан висок 3.300 метри, датира од 425 година пр. н.е. и иако ерупциите се чести, тие ретко предизвикуваат голема штета.

AniWatch anime websites: Watch Scum's Wish Episode 4

AnimeTV anime stream: The Misfit of Demon King Academy (Dub) (https://animetv.cc/m/8NQe) Episode 13