April 2, 2020 18:54
Спорт

(ВИДЕО) Се појави снимка од урнатиот хеликоптер на Брајант како гори

Коби Брајант на 26-ти јануари во траорно и тмурно утро во Калифорнија го загуби животот во голема хеликоптерска несреќа, а додека американските служби и натаму ги испитуваат причините за ужасниот пад на леталото, во јавноста се појави едно видео кое е снимено од прво лице и од првиот сведок на немилиот настан.

Рекреативен велосипедист стигнал на местото на настанот непсоредно по силниот удар на хеликоптерот во ридот, а истото денеска го проследил до угледната телевизија „Си-Би-Ес“ која ги пренесе снимките, со нагласок дека човекот доброволно го предал видеото, без притоа да бара пари за тоа.

На видеото се гледаат опожарените делови од хеликоптерот во кој беше Коби, а од истите станува јасно дека ниту тој, ниту другите осум патници во леталото (меѓу кои и неговата ќерка Џиџи) немале никакви шанси да ја преживеат несреќата.