October 25, 2020 02:03
Македонија

(Видео) Се појави видео од спроведувањето на Јанкуловска во КПД „Идризово“

На социјалната мрежа Фејсбук се појави видео од спроведувањето на екс министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска.

Јанкуловска во Идризово

Гордана Јанкуловска пристигна во затворот Идризово

Posted by Seir on Понеделник, 28 септември 2020

Јанкулоска денеска попладне беше спроведена во затворот „Идризово” каде ќе ја отслужува казната затвор од четири години затвор која ја доби во судската постапка за случајот “Тенк” кој се однесуваше за незаконската набавка на владиниот блиндиран “мерцедес” вреден 600.000 евра.

Од вечерва, па во следните 14 дена, таа ќе биде во посебно одделение, кое во затворот функционира од март, како заштита од ковид-19. Потоа ќе се смести во едно од трите одделенија, во зависност од проценката на стручниот тим.

Јанкулоска е осудена за кривично дело злоупотреба на службената положба и овластувањата.

На Јанкулоска и се суди и за незаконско прислушување во предметот „Таргет-Тврдина“ и во аферата „Титаник“.