August 3, 2020 13:33
Свет

(Видео) Се запали рускиот разорувач „Адмирал Кузњецов“, тројца повредени

Рускиот носач на авиони „Адмирал Кузњецов“ се запалил додека го поправале на докот во Мурманск при што се повредени три лица, соопшти извор на службата за итни случаи.

„Според првичните податоци, пожарот ја зафатил првата единица за напојување. Од горната палуба е видлив густ облак од црн чад “, рече изворот, пренесува ТАСС.

Embedded video

Ремонтот на рускиот носач, кој беше користен во руската воена кампања во Сирија за поддршка на сирискиот претседател Башар ел Асад, започна минатата година.

„Адмирал Кузњецов“ моментно е единствениот активен руски носач на авиони