November 29, 2022 06:03
Спорт

(Видео) Се запали болидот на Гасли, Французинот експресно излета

Возачот на Алфа Таури, Пјер Гасли имаше несреќа за време на слободниот трениг број 2 пред трката за Големата награда на Сингапур во рамки на Формула 1 шампионатот.

Додека Французинот го паркериташе својот болид во гаражата, одеднаш се запали. Механичарите реагираа брзо со апаратот за гаснење пожар, но и Гасли експресно излета од болидот.

Тој за среќа мина без повреди и засега не е јасно зашто се запали болидот.