November 29, 2022 05:30
Хроника

(Видео) Се запали автомобил кај Рампа

Автомобил во движење се запали денеска на булевар 11 Октомври кај Стара Рампа.

 

Пожарот првично го гаснеа вработени во ЈП Водовод, чија цистерна поминуваше по булеварот. Со ПП апарати гаснеа и очевидци, но огнот беше изгаснат по интервенција на противпожарната екипа.

За среќа, нема повредени.