July 23, 2019 13:59
Спорт

ВИДЕО: Серена и Халеп ќе се борат за титулата на Вимблдон

Симона Халеп и Серена Вилијамс ќе водат битка за титулата на третиот грен слем во оваа календарска година-Вимблдон. Ова е епилогот од денешните полуфинални пресметки во кои Романката и Американката го оправдаа статусот на фаворити и со идентични победи од под 2-0 обезбеди билет за саботното финале на турнирот во Лондон.

Халеп дојде до првото финале на Вимблдон со победа над Елена Свитолина од 6-1, 6-3, додека пак Серена ја реши Барбора Струцова со 6-1, 6-2  за неполн час со што стана најстар финалист во Опен ерата надминивајќи го досегашниот рекорд на Мартина Навратилова.

Embedded video

Ако Вилијамс слави во финалето ќе дојде до осмиот пехар на неофицијалното светско првенство во тенис или поточно тоа ќе значи 24 грен слен триумф со што ќе се израмни со легендарната Маргарет Корт.

Embedded video

Нови вести

Сериозни промени во составот на САД пред Светското во Кина

zane

Академија Пандев го ангажираше првото засилување

Valentina

Данкан се врати во Сан Антонио

zane