October 15, 2019 11:43
Македонија

ВИДЕО: Семејство од Штип си го продаде целиот имот за лекување на болната ќерка, бараат помош од граѓаните

60.000 фунти за спас на МАМА. Вака 5-годишната Емили и 8-годишниот Антони, молат за донации неопходни за животоспасувачка операција на нивната мајка Соња, пишува „Телевизија стар“.

Досега на интернет се собрани само 933 фунти, што е незначителен еден отсто од потребната сума.

Соња, е 36- годишна штипјанка , мајка, сопруга, ќерка, сестра , но и очеан пациент во напредна фаза на канцер. Три операции во Англија, Бугарија и Германија, не успеаја да ја оттргнат злокобната болест од нејзиното тело. Започнат од јајниците, префрлен на дебелото, а сега и на тенките црева, ракот кај Соња никако да се повлече:

-Поминаа три месеци и пак се повтори. Мораше да оди во Бугарија бидејќи во Англија не се нафатија. Плативме 6.000 евра но пак ништо“ изјави Велика Митева.

Но операцијата во Германија чини неверојатни 120.000 евра. Семејството на Соња си го продаде целиот имот за лекување на болната ќерка , но се собраа само половина од парите:

Имавме една куќа во населбата Станица и моравме да ја продадеме за да помогнеме. Помош имавме и од комшии, од пријатели. изјави Велика Митева , мајка на Соња

„Ние плативме 60.000 евра а сумата е 120.000 евра. За останатите 60 тражеме помош“ Иле Митев, татко на Соња.

Соња во моментов е во болницата во Германија, со поглед преполн надеж и желба за живот, свртен кон нејзино семсјтво, но и родниот Штип и Македонија. Одовде ја чека за неа неопходната помош која живот значи.

Сите оние кои можат и сакаат да помогнат за спас на Соња, можат тоа да го сторат со упалата на следнава сметка 530500022024777 Охридска банка.

Нови вести

(Во живо) Прес конференција на заменикот министер Муса по коруптивниот скандал

Valentina

Амели де Моншалан: Франција смета дека процесот на преговори треба се реформира

Valentina

Црвен крст: Кампања по повод Денот на гладта (16-22 Октомври)

Valentina