Свет

(Видео) Светските знаменитости во боите на Франција

Многубројни светски споменици минатата ноќ светнаа во боите на Франција како знак на поддршка и солидарност по повод трагичниот пожар што ја зафати париската катедрала Нотр Дам.

 

Така, беше осветлен Емпајер стејт билдинг во Њујорк. Врвот на Светскиот трговски центар е осветлен во боите на знамето на Франција во знак на солидарност со народот на оваа земја и на католичката заедница во светот.

 

Примерот го следеа и Франција и Италија. Фасадата на театарот La Fenice во Венеција исто така минатата ноќ беше била осветлена со боите на француското знаме.

Видиковецот на брдото Петрин во Прага беше осветлен во националните бои на Франција во спомен на пожарите и оштетената црква Нотр Дам во Париз. И познатиот Стар мост во Мостар, Босна и Херцеговина, кој датира од XVI век, ги доби боите на Франција.

 

Нови вести

Лабуристите бараат јавно гласање за брегзит во јуни

Valentina

(Видео) Над 30 торнада беснеат во САД

Valentina

Во бомбардирање по грешка убиени авганистански полицајци

Filip