December 9, 2022 01:18
Свет

(Видео) Русите ги оставаат возилата и пешачат и до 25 километри до границата со Грузија

Егзодусот на мажи од Русија во Грузија продолжува и денеска, пренесуваат агенциите.

Голем број Руси, според објавените видеа на социјалните мрежи, ги оставаат возилата и се упатуваат пеш кон границата. Многумина, според извештаите, ноќта ја поминале на самата граница. „Не сакавме да бидеме дел од војната“, велат тие.

„Nexta“ објави видео од руско-грузиската граница на кое се гледаат стотици Руси кои стојат во ред и чекаат да ја поминат границата.

Според медиумите, досега во Грузија побегнале 194.000 Руси.

До границата пешачат по 25 километри. Меѓу бегалците има и семејства со мали деца.

Сепак, според написите, не сите Грузијци се ентузијасти од доаѓањето на Русите. Како што тврдат новинарите, цените на местата каде што доаѓаат бегалците драстично пораснале, а во некои ресторани не може да се влезе бидејќи се полни со Руси. На многу згради се закачени украински знамиња и пораки за Владимир Путин, пишува во новинарските извештаи.