December 9, 2022 00:23
Магазин

(Видео) Ролинг стоун: „Сопранови“ најдобра серија на сите времиња

Угледното списание „Ролинг стоун“ објави листа на 100 најдобри телевизиски серии во историјата, а на првото место се најде култната „Сопранови“.

„Ролинг Стоун“ – списание со седиште во САД, посветено на музиката, политиката и популарната култура – ја објави првата листа на најдобри серии во 2016 година, а со оглед на тоа дека ниту една таква листа не може да биде конечна, сега го објавија ажурираното издание. Како и првиот пат, листата се базира на гласање на актери, продуценти, критичари и други луѓе од телевизиската индустрија.

На прво место, како и во 2016 година, се најде легендарната серија на Ејч-би-о The Sopranos („Сопранови“).

Серијата се емитуваше на оваа телевизија од 1999 до 2007 година, а нејзиниот творец Дејвид Чејс создаде дело што го промени лицето на телевизијата и го создаде ликот на бесмртен американски антихерој во мафијашкиот бос Тони Сопрано. Тој претседава со тим гангстери, кои исто така глумат оштетени сопрузи и татковци, мажи кои се обидуваат да живеат со своите убиствени тајни и мрачни сеќавања.

„Чејсовото немилосрдно мрачно испитување на Америка од почетокот на векот ги промени сите пишани и непишани правила на телевизиско раскажување уште од деновите на Gunsmoke. Едноставноста и држењето на публиката за рака повеќе не беа дел од тоа, а нарацијата и моралната сложеност станаа двигател на серијата, до незаборавната финална сцена“, велат во Rolling Stone.

На второ место е уште едно култно телевизиско семејство – Симпсонови, кое е во етерот веќе 33 години, што ја прави најдолгата ТВ-комедија во историјата. Третото место го зазеде Breaking Bad („Да станеш лош“), приказна за професорот по хемиј Волтер Вајт, кој станува господар на царство од производство на метамфетамин.