February 24, 2020 12:30
Македонија

(ВИДЕО) Реконструкција за убиството на Саздовски

За судењето за убиството на 20-годишниот Никола Саздовски денеска се врши реконструкција на настанот, на самото место на трагичниот настан, кај автобуската постројка во Автокоманда. Рeкострукцијата се прави во присуство на сведоците и вештите лица.

Според обвинителниот акт, Беља и Демири заедно со Ј. Љ. (19), кој е во бегство, на 29 јуни минатата година крвнички го претепале Саздовски на автобуската постојка пред фабриката „Алкалоид“ на булеварот „Александар Македонски“ во Автокоманда.

Случајот го води судијката Даниела Алексовска Стојановска и се наоѓа во доказна постапка, а на минатотот рочиште исказ даваа обвинетите Бесим Бења и Скендер Демири.

Од здобиените повреди, Саздовски на 9 јули 2018 година почина на Клиниката за анестезија, реанимација и интензивно лекување – КАРИЛ во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“.

Двајцата од напаѓачите, Бесир Беља и Скендер Демири, се во притвор во затворот „Скопје“ во Шутка, а за третоосомничениот, кој сè уште е недостапен за органите на прогонот, е распишана домашна и меѓународна потерница.

Поврзани вести

(Видео) Таткото на Саздовски: Се надевам дека повисоките судови нема да ја намалат казната за убијците

Igor

(Видео) За Беља и Демири по 19 години затвор за убиството на Саздовски

Igor

Адвокатите спорат дали убијците му нанеле интензивна болка на Саздо или болката била кратка?

Igor