November 25, 2020 05:45
Спорт

(Видео) Раиконен како во видео игра: За еден круг помина 10 болиди

Легендарниот фински возач Кими Раиконен имаше краток блесок на стартот на денешната трка за Големата награда на Португалија, кога потсети како возеше во своите најдобри години. На стартот, Раиконен беше на 16-тата позиција, а тргна со софт гуми што му даде предност во однос на останатите возачи.

Сепак, тоа што го направи шампионот од 2007 година е за почит, откако успеа во само еден круг да претекне дури 10 возачи, па веќе во вториот круг беше на шестата позиција. На крајот, Раиконен, кој зад себе има 324 трки во Ф1, сепак не освои ниту еден бод затоа што заврши на 11 место.

Трката останува запамтена како историска, затоа што Луис Хамилтон стигна до 92 победа во кариерата, надминувајќи го рекордот на легендарниот Михаел Шумахер.