Балкан

(Видео) Протест во Подгорица по најавата за пад на Владата

Неколку стотици граѓани се собраа вечерва пред Владата на Црна Гора и го изразија своето незадоволство од иницијативата на коалицијата „Црно-бело“ да и се изгласа недоверба на Владата на Здравко Кривокапиќ и да се формира малцинска влада.

Протестот траеше околу еден час, а беше најавено дека собирот ќе се одржи утре во исто време на истото место во Подгорица како и во другите градови.

Насобраните извикуваа пароли на сметка на вицепремиерот Дритан Абазовиќ и претседателот на СНП Владимир Јоковиќ.

–Тука сме да ја одбраниме победата остварена на 30 август, а со нашиот народ ќе бидеме на улица кога и да треба, еден од пратениците кои се приклучија на протестие.

Насобраните граѓани ги скандираа зборовите „предавство“, но и на Дритан Абазовиќ му порачаа дека бараат негова смена.

Подгоричкиот весник „ Побједа“ утрово напиша дека до крајот на денешниот работен ден во собраниска процедура треба да биде испратена нова иницијатива за смена на Владата. Весникот тврди дека извори блиски до парламентарните партии потврдиле дека веќе се договорени 44 пратенички потписи, кои ја поддржуваат ваквата иницијатива, иако можно е документот што треба да се достави до Собранието да има само 27 потписи, што е доволно за да се закаже седница на црногорскиот Парламент.

Црногорскиот вицепремиер и лидер на  граѓанското движење УРА Дритан Абазовиќ предложи малцинска влада без Демократската партија на социјалистите (ДПС), предводена од претседателот Мило Ѓукановиќ, и просрпскиот Демократски фронт (ДФ).

„Побједа“ наведува дека, покрај опозициските, предлогот го потпишале и пратениците на коалицијата „Црно-бело“, додека пратениците на СНП, според весникот, нема да ја потпишат иницијативата, но се остава можност да гласаат против доверба. Формирањето малцинска влада како излез од политичката криза започна во декември кога УРА потпиша меморандум за соработка со албанските и бошњачките партии.

Премиерот Кривокапиќ остро се спротивстави на најавата за формирање малцинска влада и проектот го нарече измама. Кривокапиќ оцени дека ваквата влада треба да ја поддржат корумпираните политичари на претходната власт од Демократската партија на социјалистите, која сега е во опозиција.

-Има само две решенија за излез од турбулентната ситуација. Едната е промоција на актуелната власт. А најфер начин се предвремени парламентарни избори кои би се одржале во мај заедно со локалните-, рече Кривокапиќ по повод најавата на вицепремиерот Абазовиќ за формирање нова, малцинска влада и гласањето недоверба на постојната.

4Anime - Watch English Anime Online For Free in HD | 4Anime.biz. 4Anime Watch high quality 1080p online anime with English subtitles. You can watch free anime movies and movies online at 4Anime. Just sit back and relax!

animes online 4Anime Dragon Ball Z (Dub)

dubbed anime 4Anime To Your Eternity

4Anime Fairy Tail (Dub) Episode 167

DARLING in the FRANXX (Dub) Episode 21

free anime online Demon Slayer -Kimetsu no Yaiba- The Movie: Mugen Train (Dub)

tải go88