April 22, 2019 04:35
Живот

(Видео) Приказна која го расплака светот и од која многумина треба да учат

Локалната полиција во градот Мочео во Перу кон крајот на крајот на март годинава ги прегледувала безбедносните камери на улиците и забележал нешто невообичаено- во средината на ноќта забележале момче кое седи на тротоарот, а бидејќи во близина немало никој возрасен, помалку бизарната сцена кај полицијата потикнала сомневања.

Дури откако ја зголемиле снимките сфатиле дека момчето всушност пишува нешто во тетратката. Полицијата одлучила да го објави видеото на својата официјална страница на Фејсбук, а детали за случајот кој наскоро станале познати многумина расплакале.

Момчето на снимката е 12-годишниот Виктор Мартин Ангуло Кордова, а сиромаштија и живот без електрична енергија го натерало домашната работа да ја пишува на патот, под светлината на уличната светилка.
Неговата посветеност кон училиштето снимено на безбедносните камери стана вирален хит- досега го погледале повеќе од пет милиони луѓе, а локалните новинари го пронајдоа и неговото семејство.
Се испоставило дека родителите на Виктор не можеле да си дозволат да спроведат струја во и така скромниот дом, па затоа момчето било принудено да учи со свеќа.

-Еден ден тој ми рече „Ако продолжам да го правам ова, ќе го изгубам умот! Подобро да излезам да ја завршам домашната задача, рекла мајката на Виктор, Роза Ангуло Кордоба. Таа додала дека на нејзиниот син, подгрбавен над свеќата честопати му се вкочувал вратот, но никогаш не ги игнорирал своите училишни обврски.

-Покрај сето тоа, тој редовно помага во домаќинските работа и ги чува нашите овци од кои всушност живееме, рекла мајката.

Откако приказна за Виктор стигнала во јавноста, градоначалникот на Мочеа ветил дека од сопствениот џеб ќе плати да се спроведе електрична енергија во домот на Виктор.

– Само сакам да му помогнам на моето семејство. Сакам да се едуцирам и да станам полицаец и да ја спречам корупцијата, рече овој одличен ученик од шесто одделение.

Нови вести

Тајна снимка: Вака изгледа масажа со среќен крај

24news

Ќерката на Шабан Шаулиќ прозборе за тестаментот на пејачот

24news

Софија ги помести границите на сексипилот- Најжешко издание досега

24news