February 20, 2020 06:35
Магазин

(Видео) Православни свештеници од авион осветувале град со света вода за да го прочистат од алкохол и блуд

Православни свештеници од руската федерална област Твер се качиле во авион и го осветиле градот со света вода за да го прочистат од гревови како алкохолизам и блуд.

Отец Александар Горјачев и уште двајца членови на Руската православна црква извршиле бизарен благослов минатата среда, во спомен на денот на трезвеност на Русија.

Се качиле во мал авион и со себе понеле 70 литри света вода и од путир (за кој велат дека лекува луѓе од зависност од алкохол и дрога) ја истуриле врз градот.

Во авионот се наоѓала и брачна двојка која тврди дека сопругот во минатото чудесно се излекувал од зависност од алкохол, пренесува „Одити централ“.