December 7, 2019 23:16
Магазин

(Видео) Почина Биби Андерсон, една од омилените актерки на Бергман

Шведската актерка Биби Андерсон, една од омилените актерки на Ингмар Бергман, почина во неделата на 83-годишна возраст, објави нејзината ќерка Џени Гред Далстарнд.

Андерсон глумеше во многу филмови на шведскиот режисер, меѓу кои и „Седмиот печат” во 1957 година, „Диви јагоди” од истата година и „Персона” од 1966 година.

Таа на петнаесетгодишна возраст почнала да соработува со Бергман кога снимаа рекламни спотови за сапуните „брис”.

Биби Андерсон исто така е добитник на бројни награди, меѓу кои и „Сребрена мечка“ за најдобра актерка на Берлинскиот филмски фестивал во 1963 година. Таа глумеше сè до 2009 година кога мозочен удар парализираше дел од нејзиното тело.

Медиумите и самиот Бергман честопати зборуваа за актерите од неговите филмови како за „негови актери”, додека Биби Андерсон не кажа дека „таа си припаѓа единствено себеси“.

Нови вести

Работа од соништата: Плата од 1.300 евра за спиење

Igor

Француски градоначалник им забрани на жителите да умираат за време на викенди и празници

Igor

Ема Стоун го покажа свршеничкиот прстен од своето момче

Filip