December 12, 2019 01:16
Магазин

(Видео) Поради пиво затворен автопат во Австралија

Камион што превезувал конзерви со пиво се превртел на најпрометниот автопат во Австралија, поради што дел од патот со часови бил затворен за сообраќај, соопшти полицијата.

Сè се случувало во вторникот, на околу 300 километри северно од Сиднеј, а околу илјада конзерви пиво „Викторија битер“ го прекриле патот.

Како што пренесе „Ројтерс“, возачот на камионот не е повреден.

Сообраќајот бил целосно стопиран околу час и половина, а една лента била затворена за сообраќај во период од седум часа.

Возачот (24) не бил под влијание на дрога или алкохол, а полицијата верува дека причина за несреќата е замор.

Нови вести

(ФОТО): Пејачот непрепознатлив: Панки со бела коса и бела долга брада

Filip

„ИМДБ“ објави листа на најпопуларните 10 филмови за оваа година

Filip

Хуманитарен концерт за лекување на Јана Арсовска во Скопје

Igor