November 27, 2021 02:58
Магазин

(Видео) Пол Макартни го обвинува Џон Ленон за распадот на „Битлси“

Пол Макартни изјави дека сакал да продолжи да настапува со „Битлси“ кога легендарниот бенд се раздели во 1970 година и дека Џон Ленон го поттикнал распадот.

Шпекулациите за тоа што предизвика распад на најпознатата поп група во светот се движат од уметнички разлики и правни спорови, па до бракот на Ленон со Јоко Оно.

Во претстојната епизода на „Би-би-си радио 4“, This Cultural Life, Макартни (79) дискутира за, како што рече, најтешкиот период во својот живот.

„Јас не ја поттикнав разделбата. Тоа беше нашиот Џони. Ова беше мојот бенд, ова беше мојата работа, ова беше мојот живот, затоа сакав да продолжи.“

Запрашан за неговата одлука да продолжи самостојно, Макартни даде свое објаснување за тоа што се случило. „Џон влезе во соба еден ден и рече дека ги напушта ‘Битлси’. И тоа беше како развод . Останавме да ги собереме парчињата.”

Макартни нагласи дека бендот ќе продолжел ако Ленон не си заминеше. „Мислев дека правиме прилично добри работи – Аbbey RoadLet It Be, не е лошо.“

Тој тврди дека откако Ленон соопштил дека сака да си замине, останатите членови на бендот биле советувани од нивниот нов менаџер, Ален Клајн, да ја чуваат тајната за нивниот претстоен распад уште некое време.

„Така, неколку месеци моравме да се преправаме. Беше чудно бидејќи сите знаевме дека е крајот на Битлси, но не можевме само да си заминеме“.

Целото интервју на „Би-би-си“ со Макартни ќе биде објавено на 23 октомври.

4Anime - Watch English Anime Online For Free in HD | 4Anime.biz

https://animeflv.uk english anime

Watch The Story of Cinderella Episode 4

AnimeKisa: Seitokai Yakuindomo Movie 2 anime episode Full online free at https://animekisa.in anime websites

Website https://animebee.to: Watch Code Geass: Lelouch of the Rebellion Special Edition Black Rebellion animebee Episode Full anime