January 14, 2021 18:36
Свет

(Видео) Полицијата употреби сила против демонстрантите во Полска

Полицијата ја спречи протестната прошетка на демонстрантите во Варшава, додека ширум Полска се одржаа демонстрации против ограничувањето на правото на абортус и полициското насилство.

Во полската престолнина полицијата постави кордони кои демонстрантите се обидоа да ги избегнат, па имаше чести прегрупирања. Во еден момент демонстрантите се собраа на една од најважните улици во градот и предизвикаа застој во сообраќајот. Тие им порачаа на нервозните возачи дека им е жал за непријатностите, но дека „постои влада што треба да биде соборена“.

Полицијата издаде предупредување дека протестот е незаконски, бидејќи не бил регистриран на време. На протестот беше нарушена и забраната за собирање голем број луѓе, воведена поради епидемијата на коронавирусот.Според лидерите на опозицијата, полицијата во еден момент употребила солзавец врз опозициски пратеник кој „ги бранел жените коишто мирно протестираа“.

Протести беа организирани и во Краков, Гдањск и други градови.