February 2, 2023 22:06
Балкан

(Видео) Полицајци на улиците во Северна Митровица, жените и децата се повлекуваат дома

На северот од Косово повторно е тензично, пренесуваат српските медиуми. Неколку стотина вооружани специјалци од косовската полиција потпомогнати од оклопни возила влегле во Северна Митровица и го блокирале целиот град.

Медиумите соопштуваат дека специјалците фрлиле две шок бомби додека граѓаните од овој дел на градот почнале да се собираат масовно на улиците. Напнато е, но засга без инциденти. Сите кафетерии се затворени, а жените и децата се повлеклуваат од улиците, пренесува Косово-онлајн.