February 3, 2023 10:44
Свет

(Видео) Полицаец бега од жени на протестите против мобилизацијата во Махачкала

Граѓаните во Махатчкал.главниот град на руската република Дагестан  се спротивставија на воената мобилизација која ја наредија властите за војната во Украина. На протестите имаше и судири со полицијата.

На снимки кои се појавија по социјалните мрежи од денешните протести, може да се видат и невообичаени сцени. На едно видео, се гледа како група од десетина жени напаѓаат полицаец, кој почнува да бега низ толпата.