December 10, 2022 00:19
Хроника

Видео: Пожар во близина на Тутунски комбинат, горат стари бараки

Претпладнево избувна пожар во близина на Тутунски комбинат спроти Управата за јавни приходи, информира за МИА од бројот 112 за итни случаи.

Оттаму велат дека најверојатно горат напуштени стари бараки и оти се известени сите надлежни. Веќе се интервенира на пожарот.

За сега не се знае кои се причините за пожарот, како и дали има повредени лица. На местото на пожарот е и полицијата која го регулира сообраќајот за да може да се интервенира на пожарот.