November 26, 2022 14:41
Спорт

(Видео) Повикот „ајде тато“ го крена Ѓоковиќ кој се тресеше од замор и доби сила да го победи Медведев

Еден од најдобрите тенисери на денешницата Србинот Новак Ѓоковиќ реши да не се прердава и да го даде последниот атом од силите во дуелот со Данил Медведев, што на крајот резултираше со негов кам-бек и трета победа во групната фаза на завршниот Мастерс турнир.

Иако Србинот веќе го имаше потврдено своето учество во полуфиналето на завршниот турнир  реши да не калкулира и да одигра тричасовен маратон со Данил Медведев, во кој посебно беше исрцпен по крајот на вториот сет.

Ноле навистина имаше криза на физички план и почна да се тресе по загубениот тајбрејк, но покрај коментарот кој го даде за бруталното видео кое стана вирално, во Србија посебно интересна стана пораката која му ја испраќа неговиот син.

Малиот Стефан може да се слушне како го мотивира својот татко на крајот од видеото, кога јасно му се обраќа со зборовите „ајде тато“.

И покрај тоа што изгледаше истоштено, Ноле пронајде сили да се врати на теренот и после многу борба да слави во третиот сет кој исто така имаше тајбрејк завршница.