December 1, 2022 17:14
Спорт

(Видео) „Пикси“ во Осло заврши на рацете од своите избраници

Србија демонстираше уште една добра фудбалска партија во Лигата на нации, совладувајќи ја Норвешка во осло со 2:0. Овој триумф во дирекната пресметка за првото место во групата со Норвешка им обезбеди настап во елитната А дивизија од ова натпреварување во новото издание како и разигрување за пласман на ЕП-2024. Покрај тоа Србија се најде и во вториот рејтинг барабан за ждрепката од квалификациите за континеталниот собир, каде ќе имаат уште една можност да се борат за учество на ЕП-2024, ако не минат по покусиот пат преку Лигата на нации.

Селекторот Драган Стојковиќ – Пикси создаде одлична атмосфера во српската фудбалска репрезентација која беше видлива по вчерашната победа над Норвешка.

Фудбалерите по триумфот во групата го фрлаа Пикси во воздух, а тој потоа рече: „Вие не сте нормални, жими мајка“.