September 24, 2021 07:49
Македонија

(Видео) Пендаровски: Слободата е највисокиот идеал и цел на еден народ

Слободата е највисокиот идеал и цел на еден народ. Таа започнува како идеја на една генерација која сака да биде своја на своето и самата да одлучува за својата иднина, вели претседателот, Стево Пендаровски, во честитката за 2 Август, Илинден – Денот на Републиката.

„На 2 август 1903-та, борбата за слобода ја започна револуционерната илинденска генерација која во епохата на монархии прогласи демократска република, а во времето на тесногради национализми реши да гради соживот меѓу различните. Борбата за слобода ја продолжи славната антифашистичка генерација која ги надмина пропагандите и поделбите и се сплоти околу идејата за слободен народ во своја, слободна држава. Како што сведочи и Манифестот, на 2 август 1944-та, делегатите на АСНОМ го остварија сонот за слободна македонска држава во која сите нејзини граѓани се еднакви и рамноправни пред законите, независно од нивните разлики и уверувања“, вели претседателот.

Но, еднаш добиена, додава тој, слободата мора да се одржува преку посветена работа на секоја нова генерација.

„Годинава прославуваме 30 години од независноста, години во кои имавме и подеми и падови, три децении на успеси, но и на бројни надворешни и внатрешни искушенија кои предизвикаа длабоки кризи и поделби. Во овие времиња на неизвесност за нас, но и за целиот свет, ќе мора одново да ги надминеме внатрешните поделби и да се обединиме околу изворните илинденски и АСНОМ-ски идеали. Да ја вратиме довербата на граѓаните во државата преку јакнење на демократските институции и владеењето на правото. Да им овозможиме на младите тука да го градат својот свет и да ги почитуваме различните од нас, како претпоставка за општество на рамноправни граѓани. Слободата се раѓа како идеа, се стекнува со борба, а се одржува преку напорите на секоја генерација, на секој еден од нас“, вели Пендаровски.

KissAnime: Super Cub anime episode 12 online free at https://kissanime.mx paradise kiss anime

To LOVE Ru Darkness 2 (https://aniwatch.pro/m/QDRB) Episode 12

AnimeHeaven: Angel Links (Dub) anime episode 13 online free at https://animeheaven.pro attack on titan anime heaven

Animeflix - Watch your favorite anime online FREE.

Ihubbub: http://www.ihubbub.com/animefreakws

Intensedebate: https://www.intensedebate.com/profiles/gogoanimelol