September 25, 2021 06:32
Свет

(Видео) Откриена инфекција во САД за којашто нема лек – го напаѓа мозокот

Две лица починаа, од кои едниот е тинејџер, од инфекција којашто се појави во Америка, а е предизвикана од паразитска амеба „што го јаде мозокот“. Меѓу починатите е и 13-годишно момче кое се заразило за време на летен камп во Флорида, а завршило на апарати за дишење и починало. Лекарите рекле дека нема лек за таа инфекција, објави Спутник.

Според локалниот медиум News4jacks, тој се заразил додека пливал во езерото, а неколку дена подоцна добил симптоми како гадење, повраќање, главоболки и вкочанет врат. Лекарите прво тврделе дека настинува, сепак, родителите се сомневале дека станува збор за нешто посериозно, како што е бактериски менингитис, па затоа го однеле на специјалистички прегледи.

Состојбата на детето наскоро се влошила и тоа завршило на апарати за дишење. Лекарите откриле дека било заразено со амеба наречена naegleria fowleri и соопштиле дека нема лек за таа состојба. Момчето починало неколку дена подоцна.

Оваа амеба живее во топли езерски и речни води, а најмногу ја има на југот на САД.

Доколку се проголта од водата во којашто живее нема опасност, сепак, ако водата влезе низ носот, амебата може да влезе во мозокот и да предизвика оштетување на неговото ткиво, поради што го добила името „амеба што го јаде мозокот“.

Инфекцијата е смртоносна, бидејќи стапката на преживување, според податоците на Американскиот центар за контрола на болести, е само околу три проценти.

Во моментов, нема лек, се користи само експериментален лек кој го забавува влошувањето на мозочното ткиво. Во последните 10 години, во САД се пријавени 34 вакви случаи.

Spirit Hero Wataru 2 (https://aniwatch.pro/m/p1N5) Episode 46

AnimeTV Watch anime online in high quality with english Subbed & Dubbed

Website https://wcostream.cc: Watch Eyeshield 21 wcostream Episode 145 watch anime dub

Yuru Yuri, Episode Full

Pxhere: https://pxhere.com/en/photographer/3636672

Mixcloud: https://www.mixcloud.com/gogoanimebe/