August 10, 2020 23:04
Свет

Видео од нападот на демонстрантите врз хонгконгшката министерка во Лондон

Инцидентот во четвртокот вечер е прва директна расправија меѓу демонстранти и владин министер по избувнувањето на веќе шест месечните протести во меѓународниот финансиски центар.

На видеоснимката од инцидентот пред Институтот за арбитри на плоштадот Блумсбери се гледаат демонстрантите кои ја опколуваат и ѝ викаат „Срам да ти е“ на непопуларната службеничка на кабинетот. Потоа се гледа како таа паѓа на земја, иако не е јасно дали е турната. Таа неколку моменти подоцна се исправа со помош и е придружена без видливи знаци на повреда.