March 25, 2019 21:50
Македонија

Видео од акцијата на македонската полиција во Ново Село каде е уапсен градоначалникот

Видео од акцијата на македонската полиција во Ново Село каде е уапсен градоначалникот

Градоначалникот на општина Ново Село, Боро Стојчев синоќа е приведен од полицијата.
Приведувањето го потврдија од СВР Струмица со соопштение.
Во него се наведува дека синоќа во близина на село Бадилен, од страна на полициски службеници, се запрени две моторни возила натоварени со картонски кутии со цигари.
-Во едното возило имало 29 кутии со по 50 штеки и една кутија со 49 штеки цигари, а било управувано од страна на Б.С. (54), со сопатник Ј.С. од село Ново Коњарево. Во другото возило управувано од Г.С. (24) со совозач С.В (26)  од село Ново Коњарево,биле натоварени 35 штеки цигари и една кутија со 49 штеки цигари и една штека со девет кутии.
При преземање на потребните мерки и дејствија лишено од слобода е и лицето М.Т (52) од с.Самоилово, кој управувал моторцикл „Hamachi“  без регистарски  таблици, инфрмираат од СВР Струмица.
При обид за бегство на второто возило, од страна на полициски службеници биле испукани два предупредувачки куршуми, се додава во соопштението.
На местото на настанот е извршен увид од страна на СВР Струмица во присуство на Јавен обвинител.
Лицата се лишени од слобода и се задржани во полицијата, а пронајдените кутии со цигари се одземени.

Нови вести

Од утре пад на температурите за 10 степени

Filip

Заев ги повика граѓаните да го следат TB-дуелот, познат рејтингот на кандидатите за претседател

Filip

Анкета: Тесна разликата меѓу Пендаровски и Силјановска

Filip