August 17, 2022 15:09
Магазин

(Видео) Објавен трејлер за новата сезона на „Сексот и градот“

По краткиот тизер што беше објавен претходно во ноември, стриминг-услугата на „Ворнер-медиа“ нуди подолг преглед на новото поглавје на хит-серијата „Сексот и Градот“ – And Just Like That („И едноставно така“) –  чија премиера е на 9 декември.

Трејлерот за новата сезона содржи неколку повратни повици до оригиналната серија, вклучително и гласовна нарација на Кери Бредшо (Сара Џесика Паркер), Кери која со љубов зјапа во плакарот полн со скапи чевли, и кадри од актерската екипа, истовремено нагласувајќи ги промените што се случија во 11-те години од вториот игран филм „Сексот и градот“.

Серијата ги открива Кери, Миранда (Синтија Никсон) и Шарлот (Кристин Дејвис) како се движат по патот од комплицираната реалност на животот и пријателството во своте триесетти години до уште покомплицираната реалност во своте  педесетти. Четвртиот член на главната актерска екипа, Ким Катрал, не е вклучена во серијата по кавгата со Паркер.

Творецот на „Сексот и градот“, Дарен Стар, исто така не е дел од „И едноставно така“. Мајкл Патрик Кинг, кој работеше како „шоуранер“ на оригиналната серија на „HБO“ и ги напиша сценаријата и ги режираше двата долгометражни филмови, повторно е сценарист .

Светските шоу-биз медиуми пишуваат дека новата сезона всушност скока 20 години пред оригиналната серија и ги следи ликовите кои преземаат „ново поглавје“ додека се движат низ животот и пријателството во своите педесетти години.

And Just Like That пристига на 9 декември, 17 години по финалето на „Сексот и градот“ и 13 години по играниот филм од 2008 година.

sun win

tải sunwin apk game sunwin game sunwin

sunwin tài xỉu tải sunwin apk sunwin web

sunwin sunwin club sunwin tài xỉu

sun win