Балкан

(Видео): Објавена снимка како се совладани криминалците кои пукаа во Звицер

Поради обидот за убиство на Радоје Звицер уапсени се 30-годишниот Емил Т. државјанин на Црна Гора, Стефан Ѓ. кој имал фалсификуван пасош од Македонија, државјанин на Црна Гора, 31-годишниот Милан Б, државјанин на Србија, како и 46-годишниот Петар Ј. државјанин на Србија.

Украинската полиција ги уапсила вчера, а при апсењето пружале отпор и се обидувале да избегаат.Полицијата објавила снимка од акцијата низ шума и нивното апсење. Тие обиделе да стигнат до границата со Молдавија и така да избегаат од украинската полиција.

37-годишниот Радивоје Звицер, кој според проценките на безбедносните сили, важи за лидер на кавачкиот криминален клан, тешко е ранет во пукањето кое се случило во центарот на Киев.

Според кажувањата на шефот на Националната полиција Игор Клименко, тие стигнале во Украина на почетокот на мај, однапред купиле возила, автоматско оружје и ја следеле жртвата и неговото семејство.

Обвинетите ја дочекале жртвата во близина на неговата куќа. После злосторството двајцата напаѓачи влегле во автомобил и го напуштиле местото на злосторството. Стотина метри подоцна отишле и го запалиле автомобилот за да ги уништат доказите, а тогаш еден од напаѓачите добил изгореници по лицето.

По Стефан Ѓ. полицијата трага поради сомнение дека го убил Јован Клисиќ и ранил Велизар Гардашевиќ. Тој се товари дека е директен извршител на тие злосторства и по него е распишана црвена потерница.

Да потсетиме, Звицер во вторникот во околу 19 часот тешко бил ранет во Киев и лекарите се борат за неговиот живот. Напаѓачите кон него испукале повеќе куршуми, а со 5 бил погоден во стомакот.