Свет

(Видео) Објавена вознемирувачка снимка од напад во Кабул во кој загинаа 20 цивили

Војската на САД објави видео снимки од напад со беспилотно летало во средата, во кој по грешка загинаа 10 авганистански цивили, меѓу кои седум деца.

На снимката се гледа како војската следи бело возило со беспилотно летало над Кабул, верувајќи дека е на ИСИС и е натоварено со експлозив. Пентагон првично го бранеше нападот, тврдејќи дека убил оперативец на ИСИС кој планирал да ги нападне американските сили за време на последните денови од евакуацијата од Авганистан.

Имено, само три дена претходно, бомбаш самоубиец уби 13 американски војници и десетици Авганистанци на Аби Гејт, клучна влезна точка на аеродромот. Поради постојаните закани за нови напади, американската војска сметаше дека следи член на ИСИС кој го напуштил своето терористичко засолниште.

Војската всушност го следела Замараи Ахмади, Авганистанец кој работел за Nutrition and Education International, невладина организација за безбедност на храна. Ахмади поднел барање за специјална имигрантска виза и имал намера да го донесе своето семејство во САД, јавува Си-Ен-Ен.

Околу три недели по нападот, војската призна дека се работи за трагична грешка во која животот го загубија 10 невини цивили. Подоцнежната проверка на активноста на воздухопловните сили на САД за време на нападот откри „нема прекршување на законот“. Така, никој не одговараше за оваа трагична грешка.

Aniwatch - Free Anime Streaming Online - Aniwatch Official. Aniwatch Anime is another website offering audience to watch anime for free and viewers so far are quite impressed with the user-friendly interface

DARLING in the FRANXX Episode 15

sites to watch anime Redo of Healer

AniWatch Mushoku Tensei: Jobless Reincarnation

AniWatch JoJo's Bizarre Adventure: Golden Wind (Dub) Episode 34

watch anime dub High School DxD