Лос Анџелес Лејкерс ја запиша 11. победа во 22 сезонски натпревар од најсилната кошаркарска НБА лига и тоа против Детроит Пистонс кого го совлада на домашен терен со 110-106. Дуелот кој беше повторна средба на Леброн Џејмс и Ajзија Стјуарт беше неизвесен, а на крајот се радуваше домаќинот во „Стејпл Центарот“.
Во серија од 7 победи како Голден стејт е и шампионот Милвоки кој ја совлада Индијана (118:110).
Мемфис гризлис беа убедливи против Сакраменто (128:101) и без најдобриот кошаркар, Џа Морант, кој се повреди на претходниот меч.
Бостон го совлада Торонто репторс (109:97) на гостински терен.