February 24, 2020 02:42
Спорт

(Видео) Нејмар со прекрасен гол возврати на навредите на навивачите на ПСЖ

Шампионот на Франција, ПСЖ во петтото коло на домашното првенство на Перкот на принцовите едвај славеше против Стразбур со 1:0 (0:0).

Единствениот гол, но и најубавиот викендов во петте најсилни лиги го постигна Нејмар со маестрлни „ножички“ во втората минута од судското продолжение.

Ова беше прв настап на Нејмар сезонава откако летово инсистираше на транфер во друг клуб. Затоа навивачите го пречекаа со навреди и свирежи, како и со голем транспарент на кој пишувалo „Господине Нејмар, продадете го својот син во Вила Мимоса“, алудирајќи на делот од Рио де Женеиро познат по проституцијата.

Сепак, публиката со воодушевување го поздрави голот на Бразилецот.