March 2, 2021 10:52
Балкан Магазин

(Видео) Нестварни сцени од Нови Сад: Илјадници граѓани се простија од Балашевиќ

Со песната „Сине мој“ вечерва почна програмата „Ноќта кога Ѓоле го преплива Дунав“ со која жителите на Нови Сад се простија од својот омилен сограѓанин, големиот кантавтор Ѓорѓе Балашевиќ, кој почина во петокот од коронавирус.

Илјадници обожаватели на панонскиот морнар, кои не дојдоа само од Нови Сад, туку и од целата земја и регионот, го исполнија кејот и блискиот Варадински мост. Многумина од нив донесоа бела роза или рузмарин, а со тоа евоцираа спомени на незаборавните стихови од песните на Балашевиќ кои го одбележаа растењето и младоста на многу генерации.

Програмата продолжи со неговите незаборавни песни „Животот е море“, „Лалошки валцер“ и „Ноќта кога го препливав Дунав“, прекраната песна при која по реката запловија чамци со факели, а од еден од нив засвири саксофонист на оркестарот на Српскиот народен театар „Никола Мацура“.

Во исто време од  тврдината Петроварадин, на чии sидови беше проектиран ликот на Балашевиќ, кон небото полетаа мноштво фенери како последен поздрав до големиот сограѓанин.

„Ако умрам млад, засади само рузмарин на мојот гроб …“  легендарната балада на Балашевиќ, ја запеа Верица Пејиќ, солист на Српскиот народен театар со поддршка на хорот на операта на СНП.

Потоа следуваа песните „Есента доаѓа дуња моја“ и „Само да нема војна“, „Де мол“, „Оливера“, „Па, добро каде си ти“, „Никогаш како Бане“ и многу други композиции на Балашевиќ кои ги пееја собраните граѓани и ги поздравуваа со долг аплауз.

Видеа може да видите тука

Фото: Вечерње Новости

 

Watch Spirit Chronicles Episode Preview at AnimeHeaven animeheaven hunter x hunter

Fate/stay night: Heaven's Feel - III. Spring Song Episode Full - Cam at Funimation your name funimation