December 7, 2019 22:18
Свет

(Видео) Несреќа во забавен парк: Се откачи реквизит со голем број луѓе, има и жртви

Во забавен парк во индискиот град Ахмедабад дошло до стравична несреќа во која загинале две лица, а 29 се повредени. Според очевидци, кружно нишало во забавниот парк Балватика, се нишало и добивало на висина и во еден момент кога достигнало највисоко ниво од речиси 10 метри, пукнало, се скршило и тресна на земјата. Две лица загинале, а над 29 се повредени.

 

До инцидентот дошло вчера околу4.50 часот. Капацитетот на нишалото бил 32 лица, а во моментот на несреќата имало 31 човек. Меѓу повредените, кои побарале лекарска помош се и дел од присутните кои во моментот на несреќата биле на земја.

Две жртви се идентификувале како 22-годишник и 24-годишник. Најмалку тројца од 29-те повредени, се во критична состојба. На сите повредени обезбедена им е лекарска помош.

Полицијата собрала податоци за страшната несреќа, а против одговорните за организацјата на забавниот парк, ќе биде поднесена кривична пријава.

Нови вести

Возачи на камиони блокираа улици низ цела Франција, судири со полицијата во Париз

Igor

Северна Кореја: Денуклеаризацијата не е на преговарачка маса

Igor

Деветнаесет цивили загинаа во воздушен напад во Сирија

Igor