January 29, 2022 08:43
Свет

(Видео) Нема знаци за крај на ерупцијата на вулканот во Ла Палма, островот е уништен

Не се наѕира крајот на ерупцијата на вулканот на Ла Палма, која, откако започна пред околу еден месец, предизвика хаос на тој шпански остров, рече претседателот на Канарските острови.

Во неделата, сеизмичката активност беше почувствувана 42 пати на островот, а најсилниот земјотрес, според шпанскиот Национален географски институт, беше 4,3 степени по Рихтер.

„Засега нема знаци дека ерупциите се при крај, иако тоа е желба на сите нас“, рече претседателот Ангел Виктор Торес, повикувајќи се на изјави и проценки на научниците.

Откако еруптира вулканот на Ла Палма на 19 септември, реките од лава опустошија повеќе од 742 хектари земја и уништија речиси 2.000 станбени згради. На вулканската активност ѝ претходеше умерена, но многу честа сеизмичка активност.

Околу 7.000 луѓе се евакуирани од своите домови на островот досега. На Ла Палма живеат околу 83.000 жители.

Единствената добра вест во целата оваа приказна е дека нема човечки жртви. Но, островот се промени засекогаш. Досега од вулканот излегоа 80 милиони кубни метри лава, која проголта многу домови и уништи многу претпријатија. Прекрасниот туристички скапоцен камен на тој начин е променет засекогаш, пишува весникот „Ел Паис“.

AnimeFreak - Watch Anime Online for Free. Subbed & Dubbed. AnimeFreak #1 Site to watch thousands of dubbed and subbed anime episodes including Dragon Ball Super, Attack on Titan, Naruto Shippuden, One Piece

anime website Black Clover

Welcome to Demon School! Iruma-kun Season 2

anime online Your Name.

Bleach (Dub)

AnimeFreak So I'm a Spider, So What? Episode 19