February 2, 2023 21:59
Спорт

(Видео) Недовиќ со тројка го клекна Партизан на колена

Во првата евролигашка кошаркарска пресметка на лутите белградски ривали Партизан и Црвена звезда се радуваа како гости „црвено-белите“ (73:76). Интересниот и неизвесен натпревар во преполната сала „Штарк“ Арена  решен беше со прецизен шут за три поени на две секунди пред крајот. Недовиќ ја погоди тројката и го клекна Партизан на колена.

Првата четвртина му припадна на Партизан кој играше фантастична одбрана (20:11). Но работите се сменија во вториот период кога Обрадовиќ го смени тимот. Црвена звезда комплетно го сврте мечот и на одморот замина со водство од 40:33.

Во второто полувреме Партизан го врати водството, а на две ипол минути до крајот имаше и шест поени предност 71:65. Но, до крајот на мечот постигна само два поени, а Црвена звезда девет. Недовиќ на две секунди до крајот погоди тројка за победа од 73:76.

https://twitter.com/i/status/1600965713149464578

Најефикасен во составот на Црвена звезда беше токму Недовиќ кој постигна 20 поени, Вилдоза реализираше 14, двоцифрен беше и Петрушев со десет поени. Кај Партизан, Пантер постигна 15 поени, Мадар 14, Папапетру 13.

Ова беше четврти пораз по ред за Партизан во Евролигата, а Црвена звезда реди само победи откако Ивановиќ седна на нивната клупа.

Резултати Евролига: Алба – Фенербахче 75:104, Панатенаикос – Милано 90:77,  Макаби Тел Авив – Валенсија 84:68, Партизан – Црвена звезда 73:76