February 3, 2023 14:18
Спорт

(Видео) Неверојатен инцидент во Турција, навивач влета на теренот и со корнер знаменцето удри по голманот!

Неверојатен инцидент го одбележа дуелот од втората турска фудблска лига меѓу Гезтепе и Алтај, откако еден домашен навивач влета на теренот и со корнер знаме го удри гостинскиот голман.

Играта во тие моменти беше во прекин поради повреда на еден фудбалер, поради што на теренот имаше и амбулантно возило, но никој не можеше да претпостави дека може да дојде до таков хаос, навивач да се симне на терен и кукавички, од зад грб да го нападне голманот Озан Еврим на Алтај.

Инцидентите почнаа на трибините кога еден навивач на Алтај фрли факел кај навивачите на Гезтепе. После тоа еден домашен навивач втрча во теренот, го извади корнер знаменцето и удри силно по голманот на Алтај.

Мечот беше прекинат во 22. минута, информациите засега велат дека тој ќе продолжи друг ден од 20. минута.