September 23, 2019 07:47
Свет

(ВИДЕО) Најмалку еден загинат во силниот тајфун што го погоди Токио

Поширокото подрачје на главниот јапонски град е погодено од тајфунот ,,Факсаи” , најсилен во последните неколку години.

Најмалку едно лице загина во силниот тајфун , со рекордно силни ветришта и дождови , поради што имаше прекин на јавниот сообраќај и на електричната енергија. Тајфунот го погоди источното предградие на Токио пред зори со најсилен ветар забележан во историјата , со брзина од 207 км/час.

Властите ги предупредија жителите од оваа област , каде што живеат над 36 милиони луѓе, да останат во своите домови. Според последните информации загинала една жена на околу 50годишна возраст , а се повредени десетина лица. Над 130 летѕови се откажани , а затворени се и бројни железнички линии.

Во поширојкот подрачје на Токио дури 920 000 домаќинства останаа без струја , вклучително и целиот град Камогава. Над пет илјади луѓе се евакуирани , од кои повеќето во туристичкиот град Камакури , јужно од Токио.

Нови вести

Рохани ги повика западните земји да го напуштат Персискиот залив

Filip

Претседателот на Колумбија, Мадуро го спореди со Милошевиќ

Filip

Протести во Словачка, за целосна забрана на абортусот

Filip