October 31, 2020 04:31
Свет

(Видео) Најмалку десетина демонстранти против ИЦЕ уапсени во Светскиот трговски центар

Осум демонстранти биле уапсени за време на протестот против Агенцијата за миграција и царина (ИЦЕ) во Менхетен, пренесува „Њујорк пост“.

Протестот почнал на плоштадот „Фоли“, по што демонстрантите се спуштиле кон Светскиот трговски центар за да се изјаснат против наводите за несакани хистеректомии на границата, според видеата и сведиштвата од местото на настанот. Групата демонстранти броела вкупно околу 50 до 60 лица.

Видеа објавени на Твитер покажуваат големо полициско присуство и полицајци кои создаваат барикада за да ги спречат демонстрантите да се упатат кон улицата.

Еден од демонстрантите турнал полицаец, а повеќето други биле приведени за блокирање на коловозот, соопштија полициски извори. Кај едно од лицата приведени за блокирање на улицата, откриено било дека поседува метална палка и е обвинет за поседување оружје.