August 23, 2019 17:26
Спорт

(Видео) Нападнати ватерполисти на „Црвена ѕвезда“ во Сплит, едниот од нив скокнал во море за да се спаси

Ватерполисти на српскиот клуб „Црвена ѕвезда“  денеска биле нападнати во кафуле во Сплит, Хрватска.
Случајот во полиција бил пријавен околу пладне. Четворицата ватерполисти во маици на „Црвена ѕвезда“ седеле во кафуле, кога неколку лица ги нападнале. Едниот од ватерполистите за да се спаси скокнал во морето, а напаѓачите избегале.

Нападнатите се Душан Васиќ, Милош Максимовиќ и голманот Александро Краљ.

Ватерполистите итно ќе се вратат во Белград, а мечот од 13. коло на Триглав регионалната лига е откажан.

Нови вести

Икарди ќе ги продолжи тренинзите со Интер

Filip

Барса отфрлиле понуда од Интер за Видал

Filip

Баерн веднаш најде замена за Ренато Санчез

Filip