March 7, 2021 09:04
Свет

(Видео) Навални е уапсен на аеродромот во Москва, му се закануваат три и пол години затвор

Руската полиција го уапси опозицискиот лидер Алексеј Навални на аеродромот Шереметјево во Москва.

Неколку полицајци го уапсија Навални.

Еден од најгласните критичари на Кремљ, Алексеј Навални, се качи на авионот ,,Победа” во Берлин и замина за прв пат во Русија откако беше отруен од нервен агенс новичок. Тој се лекуваше од труењето во Германија.

Авионот требаше да слета на аеродромот Внуково нешто пред 18 часот, но беше пренасочен кон аеродромот Шереметјево, оддалечен 55 километри.

Тој слета таму во 20:19 часот по локално време (18:19 часот по средноевроско време), објави АФП.

Неколку стотици приврзаници на Алексеј Навални се собраа на Внуково, како и силни и бројни полициски сили, вклучително и полиција за интервенција. Таму имало неколку соработници на Навални, наводно десетина.

„Уапсени се Љубов Собол, Руслан Шавединов, адвокатиот Алексеј Молокоједов, помошникот на Навални Илја Пахомов, водачот на кампањата Анастасија Кадетова и Константин Котов“, објави на Твитер Иван Жданов, еден од најблиските соработници на Алексеј Навални.

Видеото објавено од опозицискиот медиум МБКх Медија покажува како полицијата приведува неколку лица, вклучувајќи ја и Љубов Собол, позната руска опозиционерка, која беше приведена и пред неколку недели.

Бидејќи најголемиот непријател на рускиот претседател Владимир Путин во средата објави дека има намера да се врати дома, Руската федерална служба за затвори (ФСИН) го предупреди дека ќе бидат принудени да го апсат за кршење на условната затворска казна на која бил осуден во 2014 година.

ФСИН соопшти дека Алексеј Навални не ја почитувал условната казна затвор во 2014 година додека бил во Германија, со која се бара редовно да се јавува во управата на затворот, најмалку двапати месечно.

 

Pokemon Journeys: The Series Episode 51 at AnimeHeaven toradora anime heaven

That Time I Got Reincarnated as a Slime (Dub) Episode 24 at website https://animeplanet.cc anime planet fruits basket