December 3, 2022 09:51
Спорт

(Видео) Мурињо на паркинг ја славеше големата победа на Рома во Милано против Интер

Контроверзниот Жозем Мурињо не може, а да не направи спектакл, па така синоќа победата против својот екс-клуб Интер ја славеше на паркинг, зашто поради суспензијата мечот на „волчицата“ против „нераѕурите“ (2-1) ја гледаше во клупскиот автобус.

Мурињо беше суспендиран и воопшто не се појави во ВИП-ложата на „Џузепе Меаца“, туку мечот на раат си го изгледа во комфорниот автобус на Рома, а откако неговиот тим го освои Милано излезе на паркингот за да слави.