September 26, 2022 01:00
Спорт

(Видео) Момче втрча на терен среде меч на Лејвер куп и си ја запали раката!

Чуден инцидент се случи на првиот ден од тенискиот „Лејвер куп“, во Лондон. На мечот меѓу Стефанос Циципас и Диего Шварцман, на терен влета едно момче, запали оган, а потоа и самиот си ја запали раката.

Станувало збор за активистичка акција, за што говори и пораката испечатена на неговата маица: „Запрете ги приватните авио-летови во Обединетото кралство“.

Момчето се протнало низ обезбедувањето, влета на терен и седна покрај мрежата, па додека да интервенираат редарите имаше време да си ја запали раката, со цел да го привлече вниманието.