January 17, 2019 12:46
Македонија

(Видео) Мицкоски побара в понеделник да се распушти Собранието

Мицкоски побара в понеделник да се распушти Собранието

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска на прес-конференција побара в понеделник да се распушти Собранието. Смета дека има доволно време да се организира фер изборен циклус согласно Законот во Република Македонија и заедно со претседателските избори да се одржат вонредни парламентарни избори.

Денеска од засрамениот Зоран Заев слушнавме две тези. Првата теза е дека се крие позади одлуките на органите на партијата и втората е дека анкетите покажувале сигурно водство и оти на секој политичар ќе му бидат добредојдени нови четири години мандат. Но, вистината е следна, ако е навистина така, ајде веднаш во понеделник да го распуштиме Собранието и имаме доволно време да организираме фер изборен циклус, рече Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање.

Тој истакна дека ВМРО-ДПМНЕ не се плаши од избори и има доволно време да се подготват изборите, да се формира техничка влада и заедно со претседателските да има вонредни парламентарни избори.

И тогаш да видиме дали Зоран Заев и групата околу него ја ужива довербата како што денеска кажа на прес-конференција или онаа вистинската анкета ќе му ја испорачаат граѓаните на тие предвремени парламентарни избори. Не бараме избори затоа што сакаме безусловно ВМРО-ДПМНЕ да биде власт, туку бараме избори за Македонија да престане да губи и Зоран Заев и групата околу него конечно да ја напуштат политичката сцена во Република Македонија, додаде Мицкоски, одговарајќи на прашање дали се плаши од избори.

Исто како и мнозинството граѓани, така и јас со чувство на мака го проследив пресот на Зоран Заев.Само Зоран Заев,…

Gepostet von Hristijan Mickoski am Samstag, 12. Januar 2019

Related posts

Три лица потешко повредени во сообраќајки во Скопје

24news

ВМРО-ДПМНЕ: Заев се однесува како африкански монарх

Valentina

Два проценти скопјани го селектираат отпадот целосно

24news