February 2, 2023 21:57
Балкан

(Видео) Масовна тепачка во турскиот парламент, пратеник е во критична состојба

Пратеник од турската опозиција денеска итно е пренесен во болница и сместен на интензивна нега во Анкара поради удар во главата при тепачка во Парламентот.

Тепачката избувнала на расправата за државниот буџет за 2023 година.

„Неговата состојба се влоши поради удар во главата. Тој беше на реанимација во болница“, состојбата на 58-годишниот Хусеин Орс од националистичката Добра партија (Иџи Парти на турски) е „критична“, изјавила колешката Ајлин Цесур од неговата партија за новинарите.

„Нашиот пратеник беше жртва на сериозен напад… Ова е ден на срам за Парламентот на Турција и за оние кои ја извршија оваа агресија“, изјави портпаролот на таа опозициска партија.

На видео снимките во турските медиуми се гледа како Орс, пратеник од Трабзон, на Црното Море е удрен од член на владејачката Партија на правдата и развојот (АКП) на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, од каде се уште нема коментар.

Расправиите и размената на удари се честа појава за време на тензичните дебати во турскиот парламент.