January 21, 2019 23:44
Забава

(Видео) Лош почеток на годината за Криси Тајген

Новата година не започна најдобро за моделката и водителка Криси Тајген (33), сопруга на пејачот Џон Леџенд (40). Првите моменти во 2019 година беа болни за неа, а гледачите имаа можност да го видат тоа во телевизискиот пренос во живо.

Криси беше еден од водителите на новогодишната програма на „Ен-би-си“. Таа се јавуваше во живо од Тајмс Сквер заедно со Лесли Џонс (51) и Карсон Дејли (45). Бидејќи цело време врнеше, Криси киснеше, додека другите водители имаа чадори.

Чадорот е „виновен” за нејзиниот болен и на многумина смешен почеток на годината. На полноќ Тајген сакаше да ја прегрне својата колешка Лесли, но нејзиниот чадор и застана на пат и таа се заби со главата во него.

Embedded video

‘murica@Morecently

Oh no @chrissyteigen I hope you’re ok!!! Happy New Year!!!

12.2K people are talking about this

Видеото стана хит на социјалните мрежи, а гледачите нижеа разни фори на сметка на водителката.

„Првиот неуспех оваа година“, ѝ пишуваа тие.

Исто така, обожавателите ја прашуваа дали е добро, а таа одговори дека не е повредена.

Related posts

Момче од Македонија бара девојка за одмор на Канарски острови

24news

Уапсен главниот актер од порно филмот на Северина!

24news

Повеќе од 600 илјади лајкови за еден ден: Вергара објави фотографија во бикини, мажи и жени ја затрупаа со коментари

24news