September 28, 2022 14:27
Свет

(Видео) Лидерите на Г7 се шегуваа на сметка на Путин- Да јаваме коњ голи, како него

Лидерите на самитот на Г7 на најиндустриските земји во Германија се пошегуваа со изгледот на рускиот претседател Владимир Путин пред почетокот на инаугуративната седница на самитот.

Коментирајќи ги мачо фотографиите на Путин,како таа на која јава на коњсоблечен до појасот, британскиот премиер Борис Џонсон, канадскиот премиер Џастин Трудо и претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен рекоа дека и тие треба да се фотографираат со голи гради за да покажат дека се посилни од него.

Овие неформални и недипломатски коментари би можеле дополнително да ги ескалираат тензиите меѓу Западот и Русија, која ја нападна Украина на 24 февруари.

Додека лидерите се собираа околу масата Џонсон го рече следново: „Дали ги соблекуваме сакоата? Да се соблечеме?”
Кога Трудо им предложи да почекаат додека се прави официјалната фотографија, Џонсон додаде: „Мораме да покажеме дека сме посилни од Путин“.

„Ќе јаваме коњи со голи гради“, додаде канадскиот премиер.

„Мораме да им ги покажеме градите“, додаде Џонсон.

„Јавањето коњи е најдобро“, додаде Фон дер Лејен.

Рускиот претседател Владимир Путин често се појавуваше на фотографии без маица и во пози кои укажуваат на неговата сила и издржливост.