April 21, 2021 01:31
Спорт

(Видео) Лејкерси предводени од Леброн победија во Милвоки

Само три натпревари се одиграа ноќеска во кошаркарската НБА-лига, од кои вниманието го привлече дуелот на Милвоки бакс и ЛА Лејкерс кој им припадна на гостите (106-113).

На паркетот доминираше Леброн Џејмс со 34 поени, на кои додаде осум скока и шест асистенции и тоа со фантастичен шут за три поени (6/10). „Кралот“ го доби директниот дуел со Јанис Антетокумпо, кој средбата ја заврши со 25 поени 12 скока. Мечот го контролираа гостите, а домаќинот беше на чекор до пресврт пред самиот крај кога дојде до водство 102-100, но следуваа неколку тројки на Џејмс за потврда на триумфот.

Њујорк никс, го совлада тимот на Голден стејт вориорс (119-104). Барет постигна 28 поени, Робинсон 18, а Рендл 16 поени заедно со дури 17 скока. Кај „воините“ убедливо најдобар беше Стеф Кари со 30 поени.

Во третиот меч Јута џез дојде до седмата победа по ред совладувајќи го Њу Орлеанс пеликанс (129-118), во меч во кој блескаше Донован Мичел со 36 поени.

AnimeTV all anime tv shows: Mushoku Tensei: Jobless Reincarnation (https://animetv.cc/m/aEEl) Episode 11

AnimeFreak animes online: Watch Banana Fish Episode 1